26/11/2024
Македонија

Средба на државниот врв на Р.Македонија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

Синоќа во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно” се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на политичката партија ДУИ,  Али Ахмети.

Средбата се реализира како резултат на претходно започнатите разговори.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните.

Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија.

За прашањата кои предизвикаа интерес на оваа средба, разговорите ќе продолжат и во иднина.