Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Холштајн
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со германската амбасадорка во нашата земја, Анке Холштајн. На средбата градоначалникот Пецаков ја запозна високата гостинка со актуелниот миг од функционирањето на Општина Охрид и предизвиците со кои се соочува. Во таа насока посебно беа потенцирани активностите во однос на исполнувањето на критериумите за зачувување на статусот во УНЕСКО, како светско природно и културно наследство. Градоначалникот ја информираше својата соговорничка, за отворањето на Старт Ап Центарот, со помош на европските фондови, како и за одличната соработка со фирмите КОСТАЛ и ОДВ и проектите кои овие фирми ги реализираат со ОСУ “Св. Наум Охридски“.
Од своја страна германската претставничка во Македонија, ја изрази подготвеноста амбасадата да помогне во реализацијата на одреди проекти, посебно кои се однесуваат на трансграничната соработка со Албанија за заштита на езерото.
WebOhrid / 13.07.2022 / Општина Охрид