Средба на градоначалникот Пецаков со претставници од ГИЗ
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Марк Барет и Јован Гавриловски од Германската организација за меѓународен развој (ГИЗ).
На состанокот се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка и реализација на проекти.
На средбата градоначалникот Пецаков беше информиран и за Проектот „ЕУ за економски раст (EU4G)“ кој има за цел зголемување на локалната економска активност и конкурентност во 4 целни области: Североисточен, Полошки и Југозападен плански регион и област Преспа (Општина Ресен) преку подобрување на пристапот до финансирање и напредни бизнис услуги со додадена вредност за старт -апи и ММСП.
ГИЗ поддржува проекти кои се насочени кон поттикнување на регионалната соработка и интеграција во регионот на Западен Балкан.