23/11/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Стојаноски со генералот Креј од гардата на Вермонт-САД

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше протоколарна средба со Генерал- мајорот Стивен Креј, генерал- аѓутант на Националната гарда на државата Вермонт од Соединетите Американски држави и неговите соработници. На средбата, заеднички беше констатирано дека Република Македонија и САД имаат одлични  пријателски односи, кои во иднина ќе се продлабочуваат, особено по влегувањето на нашата држава во НАТО.

Гостите од Националната гарда на Вермонт од САД изразија воодушевување од нивниот престој во Охрид и непроценливото културно и природно богатство кое е заштитено од УНЕСКО, а градоначалникот Јован Стојаноски ги запозна со стратегиите за заштита и одржлив локален економски развој.