26/11/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Стојаноски со холандскиот амбасадор Пломп

Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Вилем Воутер Пломп.

На средбата се разговараше  за зајакнување на меѓусебната соработка како и зголемување на холандските туристи на охридската ривиера со надеж дека  нивниот број ќе достигне 30.000 на годишно ниво.

На состанокот  беа разменети мислења околу создавање  туристичка понуда во Охрид надвор од главната туристичка сезона за што се разгледуваа можностите  за изградба на велосипедска патека околу езерото, а беше подвлечено дека холандскиот наред е голем пријател на природата.Во тој контекст градоначалникот Стојаноски подвлече дека за општината особено значајно е да се сочува и заштити природното богатство во Охрид меѓу кое е Студенчишкото блато.

На средбата беше заклучено дека јавниот, приватниот сектор и научната фела заедно можат во голема мера да допринесат во создавање на проекти кои се за доброто на Охрид.