23/11/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Стојаноски со охридските гимназијалци

Група ученици од втора и четврта година  и нивни професори од гимназијата „ Св. Климент Охридски“ , на нивна иницијатива, денеска имаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Целта на средбата,како што рекоа иницијаторите, е  во отворена дебата за прашања за актуелните состојби во образованието, кај учениците да се развие критичкиот и когнитивниот стил во текот на школувањето.

На средбата, учениците поставуваа  и коментираа за прашања во врска со условите за учење, поддршка за учество на натпревари, доопремување на кабинетите, особено за природните науки, потребата од подобрување на хигиенските услови и за други актуелни состојби.

Градоначалникот Јован Стојаноски, рече дека со задоволство ја прифатил оваа средба, додавајќи дека младите треба да се учат на дијалог и критична мисла.Одговарајќи на бројни прашања градоначалникот Стојаноски потенцира дека Локалната самоуправа и надлежното министерство преземаат сериозни чекори за решавање на проблемите во образованието, а тие активности ќе бидат поинтензивни во текот на оваа учебна година.