Средба на градоначалникот Стојаноски со претседателот на ПФМ, Александар Маленко
Градоначалникот на Општина Охрид Јован Стојаноски денес оствари средба со претседателот на Пливачката федерација на Македонија Александар Маленко.
На средбата Градоначалникот се запозна со програмата за работа на ПФМ, при што изрази безрезервна поддршка за истата и најави техничка поддршка за исполнување на сите потреби по програма на ПФМ за развој на пливањето и ватерполо спортот во Охрид.