Средба на градоначалникот Стојаноски со унгарскиот амбасадор
Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски денеска имаше протоколарна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Н.Е Ласло Иштван Дукс.
Ова е прва средба со унгарскиот амбасадор, на која се разговараше за добрата билатерална соработка помеѓу Р. Унгарија и Р. Македонија како и продолжување на одличната соработка со општина Охрид.
Двете страни разговараа за можностите во Охрид да се организира бизнис форум на кој ќе учествуваат претставници на мали и средни претпријатија. Беа разменети мислења и околу соработката во делот на туризмот и можностите да се инвестира во Охрид.
Амбасадата на Р. Унгарија во Р. Македонија денес донира дел од својот книжен фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“.