Средба на градоначалникот Стојаноски со претставници од Триатлон федерацијата на Македонија
Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски денес во својот кабинет прими претставници од Триатлон федерацијата на Македонија.
На средбата се разговараше за Триатлон Европскиот Куп и Балканското првенство коишто ќе се одржат на 15 и 16 септември годинава во Охрид. Градоначалникот беше информиран дека на овие спортски случувања учество ќе земат околу 300 спортисти од сите европски земји кои ќе се натпреваруваат во три категории, кадети, јуниори и сениори.
Се разгледуваа и можностите за финансиска и техничка поддршка од општината за овие две големи спортски случувања, коишто се очекува да донесат голем број гости од земјава и странство.
Триатлон Европскиот Куп и Балканското првенство годинава за прв пат ќе се одржат во Охрид, а организаторите се надеваат дека тие ќе добијат традиционален карактер.