23/11/2024
Македонија

Средба на министерот Манчевски со турскиот колега Арслан

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска оствари работна средба со својот колега од Р. Турција, министерот за транспорт, морепловство и комуникации Ахмет Арслан.

На средбата се разговараше за создавањето на услови за трет мобилен оператор во Македонија, и искуствата на Турција во оваа област. Министерот Манчевски ги презентираше заложбите на МИОА во делот на дигитализацијата на администрацијата, зголемување на бројот на е-услуги и подготовката на оперативниот план за широкопојасен интернет.

Министерот Манчевски и министерот Арслан, се обврзаа на заедничка соработка и поддршка во наредниот период.

Средбата се одржа во рамки на најголемиот Светски мобилен конгрес, којшто се одржува во Барселона. Министерот Манчевски е дел од конгресот, со цел разговори за создавање на услови за трет мобилен оператор во Македонија, како единствена земја во Европа со помалку од три оператори.