Средба на министерот на МВР со амбасадорот на Руската Федерација
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Сергеј Баздникин.
Министерот Спасовски му посака добредојде на амбасадорот Баздникин и успех во извршувањето на својата одговорна работа за унапредување на односите меѓу двете земји.
Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам.