Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Франција
Денеска министерот Оливер Спасовски одржа работна средба со амбасадорот на Француска Република во Македонија Н.Е. Кристијан Тимоние.
На средбата беа потврдени заложбите за натамошно продлaабочување на досегашната меѓусебна соработка. Министерот Спасовски се заблагодари за досегашната поддршка и помош на Француската Република за Република Македонија, која освен преку материјално – технички и финансиски средства, изминатиов период е изразена и преку организирање на обуки, тренинг курсеви и семинари за македонските полициски службеници од врвни експерти од француската полиција.
Министерот Спасовски и амбасадорот Тимоние разговараа и за напредокот на реформските процеси во Министерството за внатрешни работи.