26/11/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со делегација на Македонскиот полициски синдикат

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Марјан Кицев. На средбата претседателот на МПС упати честитки до министерот Спасовски, изразувајќи надеж дека ќе продолжи одличната соработка како што беше во претходниот мандат на Спасовски како министер за внатрешни работи, кога заеднички беа носени решенија во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерот Спасовски ја потенцира важноста од добрата соработка со МПС и подготвеноста за соработка во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерот Спасовски потенцира дека добрите услови за работа и подобрувањето на стандардот на полициските службеници се приоритет и во наредниот период и дека ќе се преземаат соодветни мерки за тоа во соработка со Македонскиот полициски синдикат.