Средба на министерот Спасовски со генералниот директор на СЕЛЕК
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа,Снежана Малеева. Спасовски и Малеева разговараа за натамошната соработка во заедничката борба против криминалот, со посебен акцент на борбата против организираниот криминал, потенцирајќи ја поддршката во реализирањето на заеднички операции, оперативни случаи и истраги.
И директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски оствари работна средба со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, на која што беше истакната одличната оперативна соработка на Република Македонија со СЕЛЕК. Г-ѓа Малеева на Единицата за недозволена трговија со дрога при МВР и додели награда за успешно завршената операција со кодно име „Координација“, спроведена заедно со полицијата на Република Албанија.