22/11/2024
Македонија

Средба на министерот за здравство со министерот за здравство на Република Бугарија

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари работна посета на Република Бугарија, каде се сретна со бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.

На средбата беше потенцирано дека Република Бугарија, која како членка на ЕУ од годинава го презема претседателствувањето со Европскиот Совет, ги почитува сите правни регулативи и заедничката соработка претставува крупен чекор во насока на имплементирање европски стандарди во македонскиот здравствен систем.

Исто така, договорено е во рамки на Министерството за здравство да се формира работна група која интензивно ќе работи на имплементација на европските стандарди со можност за добивање експертска помош од Република Бугарија за унапредување на повеќе сегменти од здравствениот систем согласно стандардите на ЕУ.