Средба на министерот Спасовски со командантот на КФОР Салваторе Куочи
Денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски имаше работна средба со командантот на КФОР Салваторе Куочи. Двајцата соговорници ја потенцираа одличната соработка, која се одвива непречено на повеќе нивоа. Спасовски и Куочи ја потенцираа потребата од постојана и продлабочена соработка при размената на информации, особено околу граѓаните кои учествувале во конфликтите во државите од Блискиот Исток, а се враќаат на Балканот.
Командантот на КФОР изрази благодарност за досегашната соработка со МВР околу движењето на територијата на Република Македонија, како и за секаква медицинска помош која би можела да биде потребна.
Работни средби и состаноци меѓу припадници на МВР и КФОР се одржуваат на сите нивоа, на највисоко меѓу министерот за внатрешни работи и командантот на КФОР, како и меѓу претставници на Одделението за соработка со НАТО во МВР и Командантот на воената полиција на КФОР, со претставници на воената полиција, НАТО канцеларијата за врски и Офицерот за контакт на КФОР во Република Македонија.