Средба на МНР Димитров со комесарот за човекови права на Советот на Европа Нил Мужниекс
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на 31 јануари 2018 година ќе оствари средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нил Мужниекс, кој од 28 јануари до 2 февруари 2018 година е во посета на Република Македонија.
На средбата двајцата соговорници ќе разговараат за состојбата со човековите права и слободи, меѓународните обврски на нашата држава на полето на човековите права, како и за актуелните случувања и текот на започнатите реформи во Република Македонија.