Средба на премиерот Заев со амбасадорот Бјорнстад
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад. Амбасадорот Бјорнстад е во Македонија со делегација на инвеститори од Норвешка.
На средбата се разговараше за актуелни политички и економски прашања.
Заеднички е ставот дека перспективите на Република Македонија и на граѓаните се во ЕУ и НАТО и дека во таа насока значајни се реформските процеси што ги води Владата, политиките на пријателство и решавањето на важните прашања за остварување на овие цели.
– Веќе има мотивација кај домашните и кај странските инвеститори за инвестиции во Република Македонија и отворање нови работни места, по отворените можности за придвижувања во овие процеси. Работиме низ инклузивни политики на реформите и на решенија за прашањата од државен и граѓански интерес, рече премиерот Заев.
На средбата се отворени можности за поддршка од Кралството Норвешка во регулацијата и имплементацијата на обврските на Република Македонија со европските стандарди.
На состанокот се разговараше и за важноста од политичка стабилност во Република Македонија и во регионот за очекуваниот напредок на државите.