26/11/2024
Охрид

Средба на претседателката на Општинскиот Совет со менаџерите на Библиотеките од Охрид и Скопје

Претседателката на општинскиот Совет,   Живка Ангелоска и директорката на охридската библиотека „Григор Прличев“, Гордана Змејкоска  денеска во Охрид остварија работна  средба со директорката на Народната и Универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Сенка Наумоска. 

На состанокот се разгледуваа можностите за зголемување на соработката меѓу општина Охрид и охридската библиотека , а се разговараше и за просторното проширување на библиотеката, како и за воведување на самоуслужен систем  и  привлекување на читатели од други градови од  државава.   Со цел да не бидат маргинализирани лицата со посебни потреби интенција на охридската библиотека е воведување на аудио книги.

На средбата претседателката Ангелоска и директорката Змејкоска беа информирани дека наредниов период американската амбасада ќе додели грант  на седум библиотеки од државава, средства што ќе бидат наменети за подобрување  и модернизација на условите за работа во овие културни институции.