26/11/2024
Охрид

Средба на претседателот Пендаровски со Филип Рикер

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

На средбата беше разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот.

Соговорниците ги потврдија партнерските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, одличната соработка и сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите останати области.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија и натаму останува посветена на реформските процеси, градењето на добрососедски односи и активно учествува во сите иницијативи во насока на унапредување на регионалната соработка.

„САД се наш долгогодишен сојузник и принципиелен поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, јавната администрација. Остануваме посветени на зацврстување на стратешкото партнерство и поттикнување на уште подлабоки пријателски односи меѓу двете земји“, истакна на средбата претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека членството во ЕУ останува наша стратешка цел и дека Унијата мора да изнајде начин, да го вреднува досега сработеното и да овозможи дебоклокада на евроинтеграцискиот процес. „Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите го зголемува евроскептицизмот кај граѓаните, и негативно се одразува на политичките состојби во земјата“, додаде претседателот Пендаровски на средбата со Рикер.

 

 

https://pretsedatel.mk/filip-riker-02-07-2021/