29/11/2024
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Владата Заев

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

На средбата, премиерот Заев упати честитки за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа на претседателот Пендаровски.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.

Претседателот и премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Северна Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.