26/11/2024
Спорт

Средба на претставници од Охрид трчаТ со поддржувачите од Скопје

Преставници од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која е организиратор на Атлетската манифестација Охрид трчаТ имаа работна посета во Скопје, со поддржувачите на најголемиот спортски настан, кој годинава се одржа во Охрид.

Охрид трчаТ со посебни признанија им се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт, Тотал ТВ, Атлетската федерација на Македонија и спортскиот медиум „Екипа.мк“ за поддршката и соработката. Асоцијацијата на работната средба им го претстави завршниот извештај од второто издание од Охрид трчаТ во печатена форма и плановите за следното трето кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Второто издание на Охрид трчаТ ги импресионираше сите, вкупно имаше 1 100 учесници и викендот беше вистински спортски празник во Охрид.