Средба со концесионерите на плажите
Во големата сала на општина Охрид, утре (17.05.2018 г.), со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите.
На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинешната главна туристичка сезона.