Средба со Славе Николоски – Катин
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. на 22ри август (среда) ќе се одржи средба со новинарот, публицист, истражувач и преведувач Славе Николоски – Катин.
Поздравен говор ќе има директорката на охридската Библиотека, Гордана Змејкоска. Воведничар ќе биде Милчо Јованоски.
Промотори на настанот ќе бидат д-р Томе Груевски и новинарот и публицист Свето Стефаноски.
Средбата ќе се одржи во Прличевата одаја при НУ Бибилиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 12 часот.