Српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ во посета на Општина Охрид
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.
На средбата се разговараше за соработката на Охрид со збратимените и пријателски градови од Србија и можностите за нејзино продлабочување особено во туризмот, културата и бизнис секторот. Заеднички беше оценето дека со формирањето на здружението за деловна соработка СИДИС, ќе се овозможи поблиска комуникација на македонските и српските компании.