22/11/2024
Охрид

Стабилна безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 20.04. до 07 часот на 21.04.2020 година, четири лица не ја почитувалe забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 ( Охрид-2, Струга-1, Кичево-1) . Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Регистрирани се 49 нови лица со решение за изолација ( Охрид-37, Кичево-12) и извршени се 25 контроли на лицата кои веќе се во изолација. Евидентирани се девет нови лица во самоизолација ( Струга-7, Дебар-2) и извршени се 130 контроли врз овие лица (Охрид-49, Кичево-28 и Дебар-53).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 310 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 83, Струга- 227), кои се сместени во два сместувачки објекти (Охрид-1, Струга-1). Полициските службеници извршија 69 контроли на угостителски објекти.

Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден. Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.