„Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во петок пред охриѓани
Претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева, на 21ви септември (петок) ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Влезот ќе чини 200 денари, а претставата ќе започне во 20 часот.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.“ вели Софија Ристевска Петрушева
Билетарницата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот.