„Стаклена менажерија“ во петок пред охриѓани
Претставата „СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА”од ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС која е освои НАГРАДА НЕТА на фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт- повторно на репертоарот во Центарот за култура во Охрид. Претставата ќе се одигра на 15.11.2019 година (петок), истата ќе биде со почеток 20:00 часот.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Истата е во режија на Софија Ристевска Петрушева, превод: Јасмина Петровска, Сценограф:, Михаел Димитровски, Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, Кореограф: Кире Миладиноски, Фото и дизајн: Петар Тасевски.
„„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби“. вели Софија Ристевска Петрушева.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарницата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.