28/03/2025
Охрид

Станоиздавачите да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност

Сите приватни станоиздавачи-даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам при Општина Охрид. Издадените решенија  имаат важност од 3 години и  доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението.

Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека доколку започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со казни. Општинските Овластени инспектори по туризам и угостителство ќе спроведуваат зачестени контроли и ќе се постапува согласно прекршочните одредби од Законот за Угостителска дејност.


WebOhrid / 18.03.2025 / Општина Охрид