22/11/2024
Македонија

Стартуваа три мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти

Врз основа на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2019), Министерството за економија на ден 08.02.2019 година на својатa веб страна www.economy.gov.mk ги објави следните три јавни повици:

– Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар;

– Јавен повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година;

– Јавен повик за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година.

Ги покануваме сите трговски друштва и здруженија заинтересирани за аплицирање да ја посетат веб страната на министерството за економија: www.economy.gov.mk, за да се запознаат со условите за аплицирање, потребните документи за аплицирање, висината на надоместување на трошоците и рокот за доставување на барањата.