26/11/2024
Охрид

Статус кво со високиот водостој на Охридското Езеро

Високата дневна температура ја топи снежната покривка од врвовите на планините околу Охридското Езеро. Водостојот на Езерото и понатаму е висок, а дополнителен проблем претставуваат и реките кои исто така имаат зголемен водостој.

Иако испуштањето на водите од Охридско Езеро преку реката Црн Дрим е со постојана координација со ЕЛЕМ, високиот водостој и на акумулацијата Глобочица моментално не дозволува поголемо испуштање на вода.

Од УХМР известуваат дека до среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток се уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер, а особено на југот од земјата ќе има услови за појава на нестабилност и грмежи.

WebOhrid