Стевановиќ: За разлика од претходно, сега имаме пациенти без сериозни симптоми
Директорката на Клиниката за инфективни болести и фербилни состојби д-р Милена Стевановиќ во вчерашното гостување на Топ Тема изјави дека за разлика од претходно, кога во установата доаѓале пациенти во исклучително тешка состојба, сега доаѓаат болни кои се со полесни симптоми. Според неа, ова се должи на апелите кои здравствените власти ги испратија преку медиумите.
„Мислам дека благодарение на апелите пренесени преку вас медиумите многу значајно и сериозно да се следат пациентите, а тоа матичните лекари навистина многу успешно го организираат и го следат во колерација со колегите инфектолози во нашата клиника кои се на телефон редовно. Пациентите редовно се преслушуваат, се следат нивните симптоми и нивното влошување на нивните симптоми. Но, денеска мислам дека стравувањето го чини своето, овие информации мислам дека стигаат се поинтензивно до луѓето, па неретко доаѓаат и пациенти кои имаат далеку полесна симптоматологија и дури и немаат потреба да бидат хоспитализирани. И тоа е добро, затоа што тоа значи дека луѓето почнуваат сериозно да ја сфаќаат работата, иако мислам дека досега тоа требаше да се случи и да бараат помош. Многу е значајно лекарско око да го следи пациентот кој има ковид-19“, потенцираше д-р Стевановиќ.
Во емисијата, д-р Стевановиќ рече дека сите верски лидери во светот многу сериозно ја сфатија улогата на гласноговорниците за нивните верници на луѓето кои им веруваат во она што го зборуваат и додаде дека има впечаток дека во овој дел имаме потфрлено.
„Нашите традиции се специфични, нашите навики се специфични. Традицијата ја прави богата оваа земја и шаренолика. Но навистина денеска, овој момент, овие три месеци требаше да застанеме да ја паузираме оваа традиција на момент за да бидеме одговорни кон себе, кон сопственото здравје и здравјето на нашите најмили. Она што беше наша одговорност е да препорачаме и да кажеме што е најпаметно во даден момент секако вклучувајќи ги и олеснувањата на рестрикциите секако надевајќи се дека тие мора да бидат и понатаму почитувани. Секаде каде што се опуштија повеќе препораките за олабавување на мерките рестриктивни се зголеми извесно бројот, но сметам дека кај нас допринесоа навистина радикално непочитување на мерките кои траат многу подолго време и не донесе во овој сериозен ризик“, истакна д-р Стевановиќ.
Таа додаде дека со или без препораки, но и со високи или ниски рестрикции, ако не се почитуваат препораките и не се санкционираат, резултатот со бројот на заболени ќе биде ист.