Стендап-претставата „Влези, не се соблакај!“ гостува во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид
Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ гостува во НУЦК Григор Прличев – Охрид во петок 05.05.2023.
Претставата е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар. Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.
Карти на билетара по цена од 250 денари секој работен ден, почеток 20:00 часот.
WebOhrid / 28.04.2023 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид