Стипендии за додипломски студии во Р. Грција и Стипендии за постдипломски студии во Р. Грција
Стипендии за додипломски студии во Република Грција
Директоратот за образование и култура на Министерството за надворешни работи на Република Грција доделува стипендии за додопломски студии за странски државјани на универзитети и институти за технологија во Република Грција, за академската 2018-2019 година.
1. Право на аплицирање:
– Странски државјани со грчко потекло кои живеат во странство во последните пет години.
– Странски државјани без грчко потекло кои живеат во странство.
2. Времетраење на стипендиите
– Една академска година за стекнување сертификат за владеење на грчкиот јазик, доколку е потребно;
– Од 4 до 6 академски години за студии;
– Дополнително време за стекнување на дипломата, но не подоцна од јуни во следната академска година
3. Стипендијата вклучува:
– 700 евра за сместување;
– 368 евра месечна стипендија;
– бесплатна школарина:
– бесплатни учебници, со исклучок за учебниците за учење на грчки јазик;
– бесплатна здравствена заштита во државна болница.
4. Услови:
– Стипендијата за студенти по грчки јазик ќе се обновува под услов корисникот на стипендијата да се здобил со сертификат за грчки јазик во јуни или во септември;
– Стипендијата за додипломските студенти се обновува под услов успешно да се положени 70% од предвидените испити во првата и втората академска година, а потоа 80%;
– Корисниците на стипендија се обврзани редовно да ги посетуваат предавањата и редовно да ги полагаат сите испити;
– Стипендијата може да биде прекината во секое време во случај на незадоволителен успех или за незаконско или несоодветно однесување на корисникот на стипендијата.
5. Потребни документи за аплицирање
– Формулар за аплицирање со избор на три студиски програми;
– CV;
– Диплома за завршено средно образование;
– Сертификат за познавање на грчки јазик (ако има);
– Државјанство за кандидатот и родителите и етничка припадност, издаден од соодветни државни органи;
– Потврда издадена од соодветни државни органи со што се потврдува дека со дипломата за завршено средно образование кандидатот може да се запише на институциите за високо образование во својата земја;
– Потврда издадена од дипломатско – конзуларното претставништво на Грција со што се потврдува дека кандидатот и родителите живеат во странство најмалку 5 години и дека не се вработени од Владата на Грција;
– 1 фотографија;
– Фотокопија од сите страници на пасошот.
6. Кандидати со некомплетни документи (наведени погоре) нема бидат прифатени.
Во прилог формулар за аплицирање и подетални информации за условите за аплицирање, на англиски јазик.
Формуларите за аплицирање со потребните документи треба да се поднесат лично во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, каде ќе се спроведе интервју со секој поединечен апликант, a крајниот рок за аплицирање е 25 јули, 2018 година.
Стипендии за постдипломски студии во Република Грција
Директоратот за образование и култура на Министерството за надворешни работи на Република Грција доделува стипендии за после дипломски (магистерски и докторски) студии за странски државјани на институции за високо образование во Република Грција, за академската 2018-2019 година.
1. Право на аплицирање:
Странски државјани со или без грчко потекло, а кои живеат во странство.
2. Времетраење на стипендиите
– Една академска година за стекнување сертификат за одлично владеење на грчкиот јазик, доколку е потребно;
– 2 години за студии, а со одлука на Е1 Директоратот може да се одобри една дополнителна академска година (максимум).
3. Стипендијата вклучува:
– 700 евра еднократна помош;
– 368 евра месечна стипендија;
— Бесплатна школарина;
– Бесплатни учебници, со исклучок за учебниците за учење на грчки јазик;
– Бесплатна здравствена заштита.
4. Услови:
– Стипендијата за студенти по грчки јазик ќе се обновува под услов корисникот на стипендијата да се здобил со сертификат за грчки јазик во јуни или во септември;
– Корисниците на стипендија се обврзани редовно да ги посетуваат студиите, да постигнуваат задоволителен напредок, континуиран успех;
– Стипендијата може да биде укината во секое време во случај на незадоволителен успех или за незаконско или несоодветно однесување на корисникот на стипендијата.
5. Потребни документи за аплицирање
– Формулар за аплицирање со избор на три студиски програми;
– CV;
– Диплома за завршено високо образование;
– Сертификат за познавање на грчки јазик (доколку поседува);
– Потврда издадена од грчки институции за високо образование со што се потврдува дека кандидатот се прифаќа на магистерски студии, или да работи на докторатот;
– Најмалку две препораки;
– Документ за државјанство за кандидатот и родителите и потекло, издаден од соодветни државни органи;
– 1 фотографија;
– Фотокопија од сите страници на пасошот.
6. Кандидати со некомплетни документи (наведени погоре) нема бидат прифатени.
Во прилог е формуларот за аплицирање и подетални информации за условите за аплицирање, на англиски јазик.
Формуларите за аплицирање со потребните документи треба да се поднесат лично во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, каде ќе се спроведе интервју со секој поединечен апликант, a крајниот рок за аплицирање е 25 јули, 2018 година.