23/11/2024
Македонија

Стипендии за летни школи по чешки јазик 2018

Стипендии за 4 кандидати од Република Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, 2 стипендии во Плзењ и 2 стипендии во Брно, Република Чешка

Министерството за образование и наука на Република  Македонија соопштува дека во 2018 година Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по чешки јазик во рамките на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) од и Брно (2 места).

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци:
–    Пополнет формулар за учество на летната школа;
–    CV, кратка биографија;
–    Диплома за завршено високо образование;
–    За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет
–    Мотивационо писмо.

Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Непотполни и на време недоставени документи нема да се земат во предвид.

Кандидатите треба да се пријават до 09.03.2018 година во Министерството за образование и наука на Република Македонија, Сектор за наука и технолошко -технички развој, Одделение за меѓународна соработка, (ул. Свети Кирил и Методиј бр.54 Скопје, Република Македонија). Лице за контакт – Видановски Гоце  ( 02 ) 3140185

Интервју со кандидатите ќе се одржи на 12.03.2018 година во 10.00 часот во Министерството за образование и наука, ул. Свети Кирил и Методиј бр.54 Скопје, 1410 на 14 кат.

Апликацијата за пријавување и потребни информации на: http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies?lang=2 и на Министерството за образование и наука на Република Македонија: www.mon.gov.mk (- конкурси) и истата треба да се достави во два примерока.

Може да се пријават кандидати вон конкурсот со сопствено финансирање.

Подетални информации како и апликациите можат да се добијат на веб страната: http://www.mzv.cz/skopje