Стипендија за Академија за Човечки Ресурси
Отворен е повикот за стипендии за есенската генерација за 2018/2019 година за HR Академијата на Clear View Бизнис Тренинг Центар. Се доделуваат две целоси и четири делумни стипендии. Вредноста на целосните стипендии е 1.600 евра колку што чини посетата на целата HR Академија. Целосната стипендија ги покрива предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од септември 2018 до јуни 2019.
Ова е одлична можност за стипендирање за кандидати кои се посветени, кои имаат позитивен став и се отворени за постојан личен развој.
HR Академијата е креирана со практичен пристап и работа на менторски принцип. Знаењето кое се стекнува е применливо веднаш по завршување на Академијата
Како да аплицирам за стипендија за HR Академијата на Clear View Бизнис Трениг Центар?
Побарајте ја апликацијата за стипендија на info@clearview.com.mk и пополнета заедно со Вашето CV пратете ја на info@clearview.com.mk најдоцна до 10 септември.
Повеќе детали за апликацијата за стипендија се достапни на веб страницата на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центарот. Краен рок за апликација за стипендија е 10 септември.