22/11/2024
Спорт

Што има судијата Фуркан Идризи против ГФК Охрид?

„Фуркан Идризи после суспензијата од три натпревари која што ја доби при директна намера да ни наштети на натпреварот против екипата на Беласица повторно беше главен актер на натпреварот против екипата на Пелистер каде што немаше исти критериум за двете екипи при носење на одлуките, тој со неговото крајно тенденциозно судење го навлече гневот на охридската публика.

Фуркан Идризи на натпреварите против екипите на Беласица и Пелистер ни додели НЕВЕРОЈАТНИ 21 жолт и 2 црвени картони. Фуркан исто така отсвири непостоечки пенал како и безброј други лоши одлуки на наша штета.

ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС испраќа барање до Фудбалската Федерација на Македонија лицето Фуркан Идризи во иднина да не ги суди натпреварите на ГФК Охрид Лихнидос.“ – стои во реакцијата од ГФК Охрид Лихнидос.


29.10.2023 / ГФК Охрид Лихнидос