22/11/2024
Охрид

Стоилковски: Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот

Денес, на плоштадот Чинар во Охрид, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одржа прес-конференција. 

„Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби!

Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните.

Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат! МЕРКО БЕШЕ И МИНИСТЕР НЕЛИ?

Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг!

Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти! Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО!

Најавија УРИВАЊЕ, а на тендерот им конкурира ФИРМА КОЈА ГРАДЕЛА НА ДИВО!

Почитувани, Објектот на Нефи Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер на Заев му го отвори, а сега конкурира тој да рушел дивоградби! Каква дрскост каква неспособност каква навреда од кланот на власт!

Владата вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со Бадентер – што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на тема која треба експерти да ја уредуваат.

Почитувани, Вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема! Вакво самоволие и непочитување на елементарните морални норми од власта нема никаде!

Македонија се соочува со девастација, најмногу морална. Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат сега!“ – истакна Стоилковски.