Странски државјани дивееле во кафе бар, повреден охриѓанец
На 16.07.2022 година околу 01:00 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет го повредил Д.С.(34) од Охрид.
Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување.
СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
WebOhrid / 16.07.2022 / СВР Охрид