26/11/2024
Писма/Колумни

Стручно и еколошко мислење од екологистот Наумоски за изградба на марина на Охридското Езеро

Иницијативата за изградба на марина на Охридското Езеро кое е во интерес за прифаќање и смештај на поголемите и помалите пловни објекти од граѓаните на Охрид и пошироко.

Како граганин на Охрид љубител на Охридското езеро со неговата флора и фауна и како голем докажан екологист го давам мислењето да се изгради марина на Охридското езеро. Градот Охрид и Охридското езеро многу одамна од далечната 1980 год се под заштита на УНЕСКО.

Мора да внимаваме да не се загади Охридското езеро и водата сочува од I и II степен на загаденост и сочува неговата флора и фауна.

Охриското езеро заедно со албанскиот дел зафака површина од 358км3 или со хектари претворено 36,000 хектари површина.

Од оваа површина две третини и припаѓа на Р. Македонија односно 24000 хектари а една третина на Р. Албанија или 12000 хектари.

Охриското езеро располага со водена маса од 58 км3.

Секоја нечистотија која влегува и го загадува езерото од него ке си замине после 70 год.

Секоја нечистотија која влегува во езерото за побргу да си замине од него треба да е поблуску до истекот на водата на Охриското езеро. Нејзиното заминување од езерото може да биде 5 – 10 год.

Источниот дел од езерото не смее многу да се деградира ниту да се загадува. Водите кој се вливаат во Охриското езеро било да се површински или подземни, а се производ на планината Галичица да се помасовни и поактивни во текот на целата година.

Водите да се еколошки и незагадени и недеградирани и што е можно повеке да се пориродни односно онакви какви што излегуваат од планината Галичица.

Благодарение на водите од Галичица кои се дел од Охриското езеро во периодот кога се повликувало и исчезнувало Десарстко Езеро остана овај дел од него што денес се простира мегу Охрид, Струга и Подградец односно денешното Охридско езеро.

Секогаш со почит и голем респект да се однесуваме спрема планината Галичица и сите нејзини води кој се дел од Охридското езеро.

Јас како докажан екологист експерт по аграр и екологија од чиста совсет би го дал следниот предлог:

– Марина да се изгради на реката Даљан – коселска река

– Реката Грашница со нејзините води да се пренасочи во реката Даљан

– Марината да се изгради по сите европски и сведски стандарди кој ке бидат во интерес за заштита на езерото со незината флора и фауна

– Секоја нечистотија која ке биде производ од објектите кој ке се стационирани во марината ке си замине према истекот на езерото за многу пократок временски период

– Плажите од стариот град Грашница, х. Мизо, Даљан и Извиднички ке се еколошки чисти и добри за развој на езескиот туризам

– Градското пристаниште да остане како појдовна станица за пловните објекти и прифаќање на гостите и туристите како и нивно враќање после извршената пловна мисија во водите на Охриското езеро.

Еколошко заштитен стручен извештај – Наумоски Лазо Дипл. инж. агроном експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.