Стружанец подигнувал пари од банкомат со туѓа платежна картичка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 28.04., на 06.05. и на 11.05.2020 на банкомат на ул,,Маршал Тито“ во Струга, пријавениот, со платежна картичка одземена од Г.П.(68) од Струга, подигнал парични средства во вкупна вредност од 22.000 денари.