Стружанец бесправно градел
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против A.А.(68) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020 на ул„Наум Наумоски Борче“ во Струга, пријавениот во својство на сопственик и инвеститор, без соодветно одобрение изградил доградба на постоечки објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение со кое на инвеститорот му се наложува да прекине со доградување на постоечкиот објект.