Стружанец физички нападнал кичевчанец
На деветнаесетти март оваа година околу 10 часот и 30 минути, на улицата „Партизанска“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.А.(20) од струшкото село Горно Татеши врз З.М. (63) од Кичево. Тој, претходно добил вербални закани од Р.А.(48) од истото село.
По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против двајцата пријавени ќе поднесе соодветна пријава.