22/11/2024
Струга

Стружанец физички нападнат на Бит Пазар

На 25.01.2021 во 09,00 часот во СВР Скопје, А.Д (54) од Струга пријавил дека додека бил работно ангажиран да врши надзор на градежните работи на пазарот на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од М.Н., поранешен вработен во фирмата што управува со пазарот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.