Стружанец погоден од заталкан куршум
На 28.07.2018 година во 15,50 часот било пријавено дека во атар на с.Бороец-струшко, А.Д.(38) надгледувајќи го пчеларникот, бил погоден од заталкан куршум во левото рамо. Истиот бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.