Стружанец приведен за издржување казна затвор од девет месеци
На 06.10.2020 околу 23.00 часот на улица „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Р.М.(41) од Струга за издржување казна затвор од девет месеци. Тој бил спроведен во Казнено поправната установа Струга.