Стружанец заработи кривична пријава поради бесправно градење
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.П.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на 2018 и 2019 година во село Калишта, струшко, пријавениот како сопственик и инвеститор, изградил објект без одобрение за градба.