Стружани, пријателите и писателите, му оддадоа последна почит и масовно испраќање до вечноста на познатиот автор Петко Шипинкароски
На градските гробишта во Струга, денеска напладне, сограѓаните, пријателите, поетите и раскажувачите, му приредија масовно испраќање на, вчера починатиот, познат македонски литерарен деец, писателот, потетот, истражувачот и научник, Петко Шипинкаровски.
Шипинкароски е роден е 1946 година во селото Будимирци,битолскиот дел на Мариово, но најповеќе, 4 децении, живееше и твореше во Струга, неговата “љубов од првиот поглед”, рече на разделбата со него, Мишо Китаноски, автор и содеец во литературата и издаваштвото, посебно кога станува збор за книжевниот магазин “Бранувања”.
Во името на битолскиот Книжевен круг, каде Шипинкароски, живееше и создаваше во младоста, последен се прости Ѓорѓи Лазарески.
Шипинкароски е еден од најплодните и најпреведувани македонски автори. Зад него стојат десетици романи, романизирани монографии, раскази, поезија, драмски текствои, раскази за деца, критики и есеи.
Неговото плодно творештво со над 20 објавени авторски изданија е значаен придонес во вредносниот систем на современата македонска литература.
Неговите романи, раскази, песни и есеи преведени се на повеќе јазици, особено внимание кај меѓународната јавност предизвика неговиот роман „Утринска молитва“ посветен на животот на битолските евреи.
Добитник е на многубројни меѓународни литературни награди и признанија.
Беше член на Македонското друштво на писатели, како и на Здружението на новинарите на Македонија.
Шипинкаровски беше и претседател на Културниот центар „Бран“ од Струга што 20 години ја издаваше меѓународната ревија за литератира „Бранувања“, како и организатор на „Струшките книжевни средби“, манифестација со меѓународно учество.
В.М.