22/11/2024
Македонија

Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

На 18.02.2019 година, од страна на БЈБ- Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово инволвирана во вршење на кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по чл.396 од КЗ на РСМ.

Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно десет пиштоли. При реализацијата на 18.02.2019 година, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации, а при претресите лишени од слобода се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.

Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување вкупно пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички.

Ф. А. и А. Б. подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм,. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.

По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.