22/11/2024
Струга

Свечена литија – Еордија во Струга

Радоста на Воскресението Христово е присутна низ сиот наш живот, зашто тоа е и единствената надеж за нашата победа над смртта и владетелот на смртта. Но, таа радост особено се чувствува во овие Воскресенски денови, кои ги исполнуваат нашите срца и души со неописливо чувство и свесност за жртвата Христова, за Неговата љубов кон нас бедните и за местото што Господ го подготвил за оние кои со вера, надеж и љубов Му пристапуваат и Го љубат. Оваа година, на вториот и третиот ден од Воскресението Христово, се совпадна и прославувањето на великиот духовен воин – на светиот Ѓорѓи Победоносецот, еден од најпрославуваните светии меѓу нашиот народ. Откако го прославивме споменот на светиот Ѓорѓиден претходно, на 07.05.2024 година, на третиот ден од Воскресението Христово, свечено одбележавме уште еден настан со долга традиција, настан што на сите нас ни ги исполнува срцата со радост, а тоа е свечената литија – еордија во Струга. Како и секоја година, прославата на овој ден започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Илија Танаскоски и Александар Димоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Во попладневните часови, во дворот од храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Нивните Преосвештенства Епископот Дремвитски Давид и Епископот Антаниски Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Александар Димоски, свештеникот Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната, беше отслужен парастос за сите прано упокоени ктитори, свештенослужители, служители и сите оние кои помагале во овој свет храм, а по завршувањето на парастосот, неизбројниот верен народ, предводен од архиереите, свештенството и монаштвото, носејќи ги светите мошти на светителот Ѓорѓи, и чудотворните икони на светиот и на Мајката Божја, тргна низ улиците на Струга, за на сите да им ја објави веста за Воскресението Христово, вест за која и светиот вмч. Ѓорѓи и сите маченици и светии не ги штедеа и своите животи, земајќи реален удел во тоа Воскресение. Свечената литија беше прекрасно украсена, почнувајќи од многубројните дечиња облечени во традиционални македонски носии, до парадниот коњ, прекрасните звуци од оркестарот „Македонија“, завршувајќи со радосниот украс на лицата на сите учесници – отсјајот на воскресенската радост. Светителските миошти оваа година ги носеа: Јован Јаулески, Цветко Аврамоски, Виктор Кочоски и Симон Грданоски, а светителската икона: Гоце Илчески, Александар Китески, Бошко Карадакоски и Танче Спироски. Почит и благодарност за сите кои несебично се потрудија за организирањето на оваа литија, за свештенството од Струга, за монаштвото од Бигорски, Рајчица и Пречиста, и за сите добронамерни верници кои активно беа вклучени и пред и за време на литијата за се да помине во најдобар ред. Митрополитот Тимотеј, пак, како наш неуморен духовен водач и постојан проповедник, и овој пат се потруди и не ја испушти приликата да му се обрати на верниот народ со пригодна беседа.

eord2024 1

eord2024 2

eord2024 3

eord2024 4

eord2024 5

eord2024 6

eord2024 7

eord2024 8

eord2024 9

eord2024 10

eord2024 11

eord2024 12

eord2024 13

eord2024 14

eord2024 15

eord2024 16

eord2024 17

eord2024 18

eord2024 19

eord2024 20

eord2024 21

eord2024 22

eord2024 23

eord2024 24

eord2024 25

eord2024 26

eord2024 27

eord2024 28

eord2024 29

eord2024 30

eord2024 31

eord2024 32

eord2024 33

eord2024 34

eord2024 35

eord2024 36

eord2024 37

eord2024 38

eord2024 39

eord2024 40

eord2024 41eord2024 43

eord2024 44

eord2024 46

eord2024 47

eord2024 48

eord2024 49

eord2024 50

eord2024 51

eord2024 52

eord2024 53


WebOhrid / 08.05.2024 / Дебарско-кичевска епархија